Home / Вести / Општинскиот инспекторат со интензивни контроли на терен, дали урбаната опрема на Широк сокак угостителите правилно ја поставиле

Општинскиот инспекторат со интензивни контроли на терен, дали урбаната опрема на Широк сокак угостителите правилно ја поставиле

Поставувањето на урбаната опрема на најамбиенталната улица во Битола, мора да биде во согласност со утврдените правила и прописи и издадените одобренија од општината.

Со цел отстранување на отстапувањата кај некои угостителски објекти и овозможување на доволно пешачка зона, Општинскиот инспекторат, врши интензивни контроли на терен, притоа давајќи им налог на угостителите за итно постапување, согласно усвоените план и програма за поставување на урбаната опрема.

Контролите се спроведуваа и во изминатиот период, но по барање на граѓаните, деновиве истите се интензивираат и ќе траат се до комплетно уредување на Широк Сокак пред секој објект, согласно законските прописи, информираат од Општина Битола.

Зголемениот инспекциски надзор е во согласност со политиката на локалната самоуправа за спроведување и почитување на правилата и прописите, а со тоа и постигнување на целта за уреден град, во кој Широк Сокак навистина ќе биде широк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*