Don't Miss
Home / Вести / Оштетениот мост ја скара опозицијата и власта

Оштетениот мост ја скара опозицијата и власта

                                    Оштетениот мост кај Безистенот, стар еден век,  кој веќе две недели е затворен за сообраќај  не само што предизвика вистински сообраќаен колапс  во Битола , туку ги скара власта и опозицијата.

            -Некаде пред четири години кога имавме ваква слична ситуација, кога во правните лавиринти заглави Општина Битола со санацијата на улицата ‘Климент Охридски’ кај Водовод, тогашната опозиција, сите заедно , сите три политички партии кои ја сочинуваат власта, коментираа зошто Општина Битола не може да се справи со санација на улица од стотина метри.

Јас сега ќе го кажам истото дека мостот  до месец март –април ве убедувам, сите , па и битолската јавност дека тој нема да биде пуштен во употреба. Ние ќе гласаме за за да ви помогниме побрзо да го направите. Ќе бидиеме конструктивна опозиција, но ќе ве потсетувам за се она што вие го говоривте во изминатите 4 години“, рече  координаторот на советничката група на СДСМ, Методија Илиевски, кој предложи овој мост да го носи името “Климент Охридски “ за да ги потсетува битолчани на бавната реконструкција на истоимената улица кај Водовод.

На ваквата иронична изјава  возврати координаторот на советниците од ВМРО-ДПМНЕ Пеце Милевски, кој рече.

-Што правевте  четири години за   пред избори да се ископа мостот и не знам кој ја дал насоката и наредбата, дали тоа го направило ЈП Нискоградба и кој му дал налог тоа да го направи?

 Но максилмално се трудиме навремено тоа да се заврши, повикани се сите потребни ескпаерти. Граѓаните за скоро ќе добијат и нов сообраќаен режим за да се олесни фукцинирањето на сообраќајот  во градот, рече Милевски.

Инаку мостот кај Безистенот кој   е стар еден цел век, пред почетокот на локалните избори во вториот круг почна да се  санира  и при санацијата на една од ударните дупки се утврди дека тој не е стабилен и дека треба да се затвори за сообраќај.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*