Осум дена притвор му одреди судијата во претходна постпка на дилерот на дрога В.Р(38) од Битола, кај кој на 18 септември полициски службеници од Полициската станица Битола и криминалистичката полиција при СВР Битола пронајдоа дрога во неговиот дом и во патничкото моторно возило во сопственост на В. Р. (38).
При претресот е пронајдена и одземена марихуана, дробилки и други предмети со траги од марихуана.