По повод денот на стари лица, ги посетивме двата домови „Сју Рајдер” во Битола каде што се сместени наши повозрасни граѓани од различни категории. Посетата ја направивме за да ги согледаме околностите и условите во кои што тие работат, како и нивните потреби, затоа што сите наши граѓани, особено старите на кои им треба помош, заслужуваат достоинствен живот. Она што го заклучивме е дека дефинитивно е потребно да се направи повеќе и како идна локална самоуправа ќе направиме: зголемување на капацитетите за згрижување на стари лица, стимулирање на приватни лица кои се заинтересирани да ги зголемат тие капацитети, меѓудругото и како форма на јавно-приватно партнерство, вработување на нови стручни лица кои им се потребни на овие институции, активирање на млади лица по пат на волонтеризам кои би помагале во овие институции, што би значело и за нив во нивното образование, меѓутоаби значело и тоа како добра помош за самите институции, овозможување преку волонтери да се набавуваат основните намирници за наши постари граѓани кои не се сместени во овие институции, меѓу кои како намирници не мислиме само на исхрана него и на набавка на лекови кои би можеле да се извршуваат преку тие волонтери и секако останува во самите месни заедници да се овозможат мали катчиња за граѓаните во повозрасни години да се дружат и да ги споделуваат своите проблеми, истакна на прес конференцијата кандидатот за грдаоначалник на Битола од СДСМ и Коалицијата “ Живот за сите “ Наташа Петровска.