Don't Miss
Home / Uncategorized / Отворена изложба “ Кина во моите очи“

Отворена изложба “ Кина во моите очи“

Во Заводот и музеј во Битола, е поставена изложбата „Кина во моите очи“, по повод 70 години од основањето на Народна Република Кина. Пред присутните се обрати Мао Кингвен, советник во амбасадата на Народна Република Кина во земјава.

– Кина има инклузивна меѓународна соработка. Затоа Кина цврсто практикува независна и силна надворешна политика и политика на отворени врати кон светот. Освен ова, Кина ја интензивира меѓународната соработка преку иницијативата „Еден појас, еден пат“, со цел на реализирање на меѓународни односи базирани на взаемна корист и создавање на заедница на човечката судбина – рече Кингвен.

Заменик-градоначалникот Емилија Костурски пред пристутните истакна дека е голема чест што Битола е домаќин на оваа изложба.

– Битола како мултикултурен град е домаќин на изложбата преку која секој посетител може да ја доживее Кина на свој, специфичен начин. Задоволство ми е што заеднички прославуваме еден ваков значаен јубилеј – истакна Емилија Костурски.

Настанот, кој го организираа амбасадата на Народна Република Кина, Општина Битола и Друштвото за македонско-кинеско пријателство и соработка, беше збогатен и со традиционална кинеска храна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*