Паркинг просторот на Клиничка болница во Битола, со вкупна површина од 2.300 м2 ќе оди под концесија.
Клиничка болница објави оглас во кој се повикуваат сите заинтересирани кои сакаат да управуваат со паркинг просторот за период од 3 години, да се пријават на Огласот.
Паркирањето во Клиничката болница ќе се плаќа по пазарни услови за граѓаните, додека вработените ќе имаат бенифицирани цени од само 100 денари месечно.
Инаку, според огласот почетната цена на паркинг просторот е 13 ден. по метар 2.
Паркинг просторот во Клиничка болница, кој едно време функционираше ќе го добие оној концесионер кој ќе понуди најповолни услови, но и најниска цена.
Наддавањето ќе се одржи на 15 септември во просториите на Клиничка болница.
Б.В.