Don't Miss
Home / Вести / Пеце Милевски нов лидер на ВМРО ДПМНЕ Битола

Пеце Милевски нов лидер на ВМРО ДПМНЕ Битола

                  

          Нов локален лидер на опозицоната ВМРО ДПМНЕ е екс претседателот на УМС и екс советникот на оваа партија, Пеце Милевски.

          Милевски доаѓа на местото на  сега веќе екс координаторот на партијата во Битола, Иванчо Тошевски.

Пеце Милевски е долгогодишен член на ВМРО ДПМНЕ  поранешен претседател на УМС на ВМРО ДПМНЕ во Битола и поранешен советник од оваа партија во Советот на општина Битола.

Милевски за коорднатор на ВМРО ДПМНЕ Битола е избран во конкуренција на 21 кандиадти, колку што се пријавија на конкурсот на партијата за нов локален лидер.

            Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ  одлучи Милевски да ја води партијата во Битола во наредниот четири годишен  период.

       -Свесен сум за одговорноста и обврските кои ги носи позицијата претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола, како и годините претходно ќе продолжам заедно со сите членови, поддржувачи, и секој добронамерник да градиме успешна приказна на политичката сцена, ВМРО ДПМНЕ да биде предводник и реализатор на успешни економски но и државотворни идеи.

Изборот секогаш значи и обврска и ќе се трудам да направам се што е во моите можности да не’ разочарам никого, изјави по изборот Пеце Милевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*