Don't Miss
Home / Uncategorized / Пендаровски: Нема потреба од воведување кризна ситуација

Пендаровски: Нема потреба од воведување кризна ситуација

Засега нема потреба од прогласување вонредна или кризна состоја во државата, рече претседателот Стево Пендаровски по Советот за безбедност, што се одржа вечерва во Вила Водно.

– Во однос на целовкупната ситуација и можната проценка на министерот за здравство, за ширење на болеста е дека поставеноста на државата е адекватна и соодветна. За тоа зборуваат и оценките и проценките на СЗО кои тврдат дека ние сме држава која најдоследно ги спроведува мерките. Заклучокот е ако има потреба можеме да препорачаме како Совет за безбедност во државата да биде прогласена кризна состојба и во други општини. Сега нема потреба. Општ беше заклучокот дека потреба од избрзување со голо декларирање на евентуално повисоко ниво на состојби како вонредна или кризна состојба на цела држава – рече Пендаровски.

Тој нагласи дека кризата ќе трае, но најдобар начин за епидемијата да не се шири е да се почитуваат сите донесени мерки.

– Сакам да упатам апел до граѓаните да ги почитуваат стрикно сите мерки кои се предложени и соопштени до сите нив. Тоа е потврдено дека е најдобриот начин за спречување на ширењето на епидемијата. Сакам да упатам апел и до нашите државјани без потреба да не патуваат надвор, особено во земји кои се високо ризични – додаде Пендаровски.

Заклучокот е дека ако има потреба можеме да препорачаме владата да прогласи кризна состојба и во други општини освен овие две општини. Не треба да избрзуваме од две причини, едното е дека нема потреба зашто деноноќно се мониторира состојбата, и јасно е дека како втора причина-кризата ќе трае.

– За Центар Жупа и Дебар каде што има кризна состојба, е дека имаме одлична соработка на терен со МВР и со локалната самоуправа. Осебено признание треба да им се оддаде на граѓаните на овие општини кои максимално ги следат мерките.
Министерот за здравство го презенетираше целиот план за распоредување на сите здравствени работници и единствениот заклучок е дека станува збор за максимална мобилизиација на целиот здравствен кадар – нагласи претседателот Пендаровски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*