Пензионерот на Старскиот дом “ Сју Рајдер“ во Битола, возраст од 85 години, кој како сомнителен беше хоспитализиран во Клиничката болница во Битола и по второто тестирање бил негативен.
По ваквите резултати од тестирањето пензионерот е пуштен на домашно лекување.
Ова го изјави доцна попладнево министерот за здравство Венко Филипче.
Инаку според министерот Венко Филипче во Битолската клиничка болница се хоспитализрани вкупно 4 лица , од кои сите се од Струга.
Инаку по сомнителниот наод за инфицираност од ковид 19 на пензионерот, во Старскиот дом “ Сју Рајдер “ направена е инспекција и целосна дезинфекција на домот, а “ цимерите “ на сега веќе негативниот пензионер, како и дел од персоналот се ставени во изолација.