Во организација на претпријатието “ Мултитекс”, а под генерално спонзорство на приватната болница за гинекологија и акушерство “Плодност” од Битола, деновиве се одржа градското првенство во пинг- понг “Битола 2014”.
Во женска конкуренција првото место го освои Васе Богоевска, втора беше Жаклина Оцеска, а на трето место се пласира Катерина Даова.
Во машка конкуренција првото место на првенството го освои Кристијан Станојковски, втор беше Ѓоко Јочкоски, а третото место му припадна на Андреј Лашкоски.
Инаку првенството помина во извонредна атмосфера. Натпреварите беа доста изедначени и неизвесни и цело време се водеше вистинска битка за секој поен.
Организаторот на турнирот задоволен од прикажаниот квалитет изјави.
-Навистина државното првенство помина во извонредна спортска атмосфера. Сите натпревари беа доста неизвесни и интересни и се водеше вистинска битка за секој поен.
Во оваа прилика сакаме да ја изразиме големата благодарност за болницата” Плодност “, а посебно за нејзиниот сопственик д-р Таше Трпчевски, кои беа генерален спонзор на првенството и дадоа голема поддршка истото да помине во навистина извонреден спортски дух.
Б.В.