Болницата „Плодност“ од Битола полека но сигурно го презема приматот на најуспешна болница во земјава, кога станува збор за инвитро-оплодувањата. Во изминатите шест и пол години во болницата се родени над 1.200 живи и здрави бебиња од инвитро-оплодување. Со 45% успешност во ИВФ-постапките, болницата „Плодност“ e место каде што голем број желби станале реалност. Секојдневно расте бројот на успешни приказни, кои забременуваат со едно, две, па дури и три деца со овој метод. Директорот и сопственик на болницата „Плодност“, д-р Таше Трпчевски, специјалист гинеколог-акушер, истакнува дека голем е бројот на лицата што се одлучуваат за ИВФ-оплодување.
„Ние во специјалната болница ‘Плодност’ веруваме дека лекувањето на неплодноста започнува со превенцијата. Рана детекција на проблемот што е причина за неплодноста значи брз успех. Во нашиот ИВФ-оддел нудиме професионална нега, со примена на најновите техники и технологии за лекување на неплодноста и репродуктивните заболувања. Со години нашиот ИВФ-оддел е лидер со најголем процент на успешност во ИВФ-процедурите. Ние нудиме насоки, поддршка и третман што им е потребен на пациентите за да ги надминат предизвиците и да го реализираат сонот да станат родители. Неплодноста е медицински проблем што е поврзан со двајцата партнери. Мажот и жената се причина за неплодноста во ист процент. Повеќе од 25% од двојките имаат повеќе од една причина што предизвикала неплодност. Доколку 12 месеци се обидувате а немате успех, тогаш треба да се консултирате со нашите специјалисти. Кај нас се врши инвитро-оплодување со повеќе методи, со најсовремена опрема и апаратура, а работиме и со Фондот за пензиско и здравствено осигурување на Македонија. Болницата располага со апаратура во хируршките сали и во интензивна нега, во лабораторијата и одделот за дијагностика. Во ИВФ-лабораторијата е набавен најсовремен ембриоскоп Time Laps – првпат во Македонија и единствено во оваа болница. Со најсовремениот ласерски систем RI Saturn 5 TM аctive laser се прават биопсии на ембрион за ПГД (предимплантациска генеричка дијагностика). Со овој метод почнавме во октомври, со што сме исто така единствени и први во Македонија“, истакна д-р Трпчевски.
Во болницата работи врвен специјалистички кадар од 17 доктори специјалисти, двајца доктори специјализанти, ембриолози-биолози, лаборанти, рендген-техничари и голем број медицински персонал потребен за секојдневните активности во болницата.