Don't Miss
Home / Вести / По 1.200 долари за секој полнолетен американец

По 1.200 долари за секој полнолетен американец

Во настојувањето да ги намали последиците од економската криза која ги зафати американците од пандемијата, претседателот на САД, Доналд Трамп донесе одлука на секој полнолетен амареиканец да му додели по 1.200 долари.

Според инфорамциите кои ни ги испратија наши читатели од Њујорк денеска сите полнолетни американци добиле по 1.200 долари еднократна помош, додека за секое дете износот на помошта изнесува 500 долари.

Ваквата финансиска помош донекаде ќе ги ублажи последиците од корона вирусот, кој досат ги погоди САД.

-Состојбата во Њујорк и Њу Џерси е доста тешка. Градот кој никогаш не спие сега е во карантин. Се како да е застанато, а секојдневно ги губиме и работните места. Затоа оваа помош од 1.200 долари донекаде ќе ги ублажи последииците од кризата која е далеку поголема од таа во 2008 година, велат нашите соговорници од Њујорк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*