Don't Miss
Home / Спорт / По 14 години повторно супер лига

По 14 години повторно супер лига

Ракометарките на Пелистер (не)очекувано ја започнаа новата ракометна сезона и тоа против екипата на Ѓорче. “Пелистерки” победија на гостувањето во Скопје и со оваа победа ја најавија својата трка кон местото на табелата кое обезбедува излез на европска сцена, бидејќи според математиките токму оваа екипа им беше главен конкурент за тоа место.
-Отпатувавме во Скопје со желба да одиграме квалитетно и да видиме како стоиме со екипа која ни е главен конкурент. Но, се случи тоа што никој не го очекуваше и ние во Скопје не само што ја победивме екипата, туку и целосно ја надигравме, рече на денешниот прес тренерот, Борче Марковски, која додава дека на оваа генерација на ракометарки им треба многу работа, многу натпревари и само така можат да го добијат потребното искуство.
Најдобар поединец беше голманката Андријана Шијакова, но за пофалба се и останатите ракометарки, а таа вели дека во екипата има одлична атмосфера и дека сите девојки се желни за работа и за докажување пред себе и пред публиката

.
На пресот беше присутна и Гордана Цветковска – Бошевска како претставник на општина Битола, а за оваа година општина Битола и градоначалникот Владимир Талески помогнаа за оваа екипа да биде на ова ниво и да рамо до рамо да се носи со останатите екипи.
Идното коло екипата на Пелистер е домаќин на екипата од Прилеп, а и од таа средба очекуваат победа, а средбата започнува во 17 часот во сабота во спортската сала “Младост”.

С.Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*