Доцна синоќа, по 57 година од животот, ненадејно почина еден од лидерите на штедачите на ТАТ, Кире Ковачев.
Кире Ковачев битолската јавност ќе го памети како еден од најекспонираните лидери на ограбените штедачи на ТАТ.
Тој беше познат по неговите пламени говори и барања да се открие криминалот во ТАТ и да им се вратат парите на ограбените штедачи.
Ковачев денеска ќе биде погребан во Светонеделските гробишта во Битола.
Б.В.