Don't Miss
Home / Вести / Почина папата Франциско

Почина папата Франциско

Папата Франциско почина на 88-годишна возраст, соопшти Ватикан.

Веста за смртта на поглаварот на Римокатоличката црква ја соопшти кардиналот Фарел.

Драги браќа и сестри, со длабока тага морам да ја објавам смртта на нашиот Свет Отец Франциско. Утрово во 7:35 часот по локално време, бискупот на Рим, Франциско, се врати во домот на Отецот. Целиот свој живот го посвети на служба на Господ и на Неговата Црква“ изјави кардиналот Фарел.

Тој додаде дека папата Франциско „нè научи да ги живееме вредностите на Евангелието со верност, храброст и универзална љубов, особено во корист на најсиромашните и најмаргинализираните“.

„Со огромна благодарност за неговиот пример како вистински ученик на Господ Исус, ја препорачуваме душата на папата Франциско на бескрајната милосрдна љубов на Бога“, рече Фарел.

Поглаварот на Римокатоличката црква, кој беше бискуп на Рим и духовен водач на повеќе од милијарда верници, стана папа во 2013 година, откако неговиот претходник Бенедикт Шеснаесетти поднесе оставка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*