Don't Miss
Home / Култура / Почна „Битола Шекспир фестивалот“

Почна „Битола Шекспир фестивалот“

Со музичко-сценскиот перформанс „Шекспир засекогаш“, синоќа во Битола почна 4. издание на меѓународниот „Битола Шекспир фестивал“ на кој годинава учествуваат 10 театарски ансамбли од Русија, Србија, Израел, САД, Полска, Турција и Македонија.

Фестивалот го отворија актери од Битолскиот и театарот „Вера Комисаржевскаја“ од Санкт Петербург кои на посебно подготвена музика од групата „Фолтин“ изведоа перформанси, пееа песни и потсетуваа на сегменти од делата на вечниот Шекспир.

„Битола Шекспир фестивал“ вечер продолжува со изведба на претставата „Перикле“ која ќе ја одиграат актери на „Итака арт центар“ од Инџија и Народен театар-Шабац, Србија.

– Шекспировите драми ми се најомилени заради таа неверојатност на настани кои ги носат во себе. Перикле е меѓу најретко играните Шекспирови текстови, и ова ќе биде прво изведување на оваа Шекспирова драма во српската театарска продукција, истакна режисерот Никита Миливојевиќ пред вечерашното гостување во Битола.

„Битола Шекспир фестивал“ почна синоќа, а ќе заврши на 1 јули.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*