Стручни тимови на НУ Завод и Музеј – Битола ја почнаа реконструкцијата на фасадите на Државното музичко училиште, објект изграден во 1907 година во Битола.
Проектот за санација, адаптација и конзервација и реставрација на фасадите на Музичкото училиште во Битола е заеднички проект на Министерството за образование и наука и Министерството за култура на Република Македонија.
Државното музичко училиште во Битола е формирано во 1947 година. Денес во училиштето се едуцираат ученици во повеќе насоки односно музичка теорија, пијано, дувачки инструменти, ударни инструменти и соло пеење.