Home / Uncategorized / Поддршка на бизнис секторот

Поддршка на бизнис секторот

За секоја локална самоуправа она што е најсуштински, најзначајно е обезбедување на егзистенција за нејзините граѓани. Тоа секако е поврзано со добра соработка со бизнис секторот која што всушност би овозможила, меѓу другото заштитување на интересите на бизнис секторот меѓутоа и на граѓаните. На централно ниво СДСМ заедно со своите коалициски партнери покажа дека може да се работи во тој дух, како пример за тоа ги имаме 12000 како најниска плата во Република Македонија. Во таков дух треба да работиме и на локално ниво. Мерките што како локална самоуправа ќе ги превземеме се следниве:

Субвенционирање на комуналниот надоместок за уредување на градежно земјиште

Целосно преиспитување на комуналниот надоместок фирмарина

Овозможување на реално, на вистински концепт на јавно приватно партнерство

Поддршка на бизнис инкубаторите

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*