Home / Uncategorized / Поголема соработка меѓу ЕСМ и битолскиот универзитет

Поголема соработка меѓу ЕСМ и битолскиот универзитет

Поголема соработка меѓу битолскиот универзитет и ,,Електрани на Северна Македонија” договорија денеска генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и ректорот на универзитетот Св. Климент Охридски од Битола, Сашо Коруновски, на средбата која се одржа во Ректоратот.

АД ЕСМ и РЕК Битола во голема мера користат стручни мислења од

професорите на Универзитетот и тековната соработка е оценета како одлична,додека за нејзино понатамошно продлабочување договорено е следниот месец да се потпише Mеморандум, со кој уште повеќе ќе се отвори полето за соработка.

АД ЕСМ, исто така, доделува и стипендии за студентите на Техничкиот факултет при битолскиот универзитет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*