Don't Miss
Home / Uncategorized / Талески:Политички процес

Талески:Политички процес

Владимир Талески денеска за првпат седна на обвинителна клупа за случајот на СЈО Транспортер, за злоупотреби на превоз со ученици.

Градоначалникот, заедно со уште 22 лица, се сомничат дека преку коруптивни тендери со школскиот превоз проневериле 290.000 евра народни пари.

Во предметот освен градоначалникот Талески осомничени се вработени во општината, директори на училишта од Битола и газди на фирми. Битолскиот градоначалник во текот на истрагата помина три месеци во куќен притвор, па со жалба до Апелацијата излезе на слобода.

-Судењето е политичко. Струмица и Куманово имаат поскап превоз, изјави на судењето обвинетиот Талески, кој денеска преку свооте адвокати до СЈО достави нови докази.

Судењето е одложено за  6 ноември.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*