Don't Miss
Home / Колумни / Политички статисти

Политички статисти

                                 

             Изминатиот викенд Битола беше домакин на двете најголеми политички партии, кои  ги одржаа (пред)изборните митнизи за претстојните претседателски избори, кои ќе се одржат на 21 април и доколку има потреба од втор круг на гласање, на 5 мај.

          По “промоцијата “ на кандидатот за претседател на државата, на ВМРО ДПМНЕ и Коалциијата “ За подобра Македонија “ , Гордана Силјановска – Давкова,  свој митинг, во саботата на, на 6 април,на   плоштадот Магнолија, одржа и  старо – новиот кандидат  на СДСМ и Коалицијата собрана околу оваа партија, Стево Пендаровски.

          Иако двајцата кандидати, како и лидерите на двете најголеми политички партии, Зоран Заев и Христијан Мицкоски од плоштадот  Магнолија, промовирајќи ги своите кандидати и политики, испратија  различни пораки до битолчани,  сепак нешто што  може да се каже дека е заедничко за двата предизборни митинзи е тоа што на двата митинзи битолчани немаа можност да  слушнат обраќања на своите локални политички политичари.

          Како некој исти режисер да им ги пишуваше сценаријата за настап на митинзите и на митингт на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ не се обратија никој од локалните  битолски политичари.

          Тоа што на митингот на СДСМ, свој кус настап имаше професорот Игор Неделковски, кој не е политички ацтивист, е слаба утеха за битолчани.

           Некој ќе рече нема потреба од настап на локалните политичари, на митинзи на кои се промовираат кандидати за претседател на државата.

           Евентуалниот настап на локални политичари би бил депласиран и сосема непотребен, сметаат  некои “маркетиншки  експерти”

          Можеби таквите сценаристи имаат право. Но се ми се чини дека без разлика што  ова се  претседателски избори, човечки и пред се домакински е политички преставник на Битола, ако не држи говор, тогаш барем  да им посака добредојде на гостите кои тој ден дошле во Битола и да ги потсети во кој град наминале, бидејќи сведоци бевме овие денови кога  кандидатката за претседател на државата поддржана од ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова направи лапсус со тоа што не знаеше во кој град држи митинг, дали во Кочани, или во Кичево, па мораше да се извинува.

          Лично мислам дека крајно некоректно, па дури и навредливо  е некој друг да ви држи говор во градот, кој малку или воопшто не го познава и да ви зборува за значењето на Битола, без тоа да му се овозможи да го каже барем  со неколку реченици на преставник од Битола,  на политичката партија која држи митинг  тој ден во Битола.

           Во изминатите години откако во Македонија е воведен плурализмот на плоштадот Магнолија свој настап имале голем број политичари.

          Но на прсти можат да се избројат настапите на битолските политичари кога требало да  се промовираат кандидатите за претседател на државата, или пратеници за Собранието.

          На Магнолија свои “историски” настапи имале многу повеќе Амди Бајрам  или Љубисав Иванов-Ѕинго, отколку сите битолски политичари заедно.

          Иако многумина можеби нема да се согласат со ова мое видување сепак лично мислам дека со недозволувањето на Магнолија да се обратат битолски  политичари од партиите кои организираат митинзи е грешка, бидејќи на тој начин не се потценуваат само тие, туку се потценува и градот Битола.

          Битола како град е познат по своето револуционерно и политичко минато.

          Во изминатите децении во Битола се изнедриле голем број политичари, кои оставиле траен белег во своето политичко делување во државата.

          Лично добро се сеќавам кога многу политичари, кои својата политичка кариера ја граделе во Скопје со одбрани збориви и пиетет зборувале за некои битолски политичари.

          Но во последно време се добива впечаток како  централите во Скопје да не се (пре)многу заинтересирани за афирмација за битолските политичари.

          Што ќе изгубеше од тежината  митингот на  ВМРО ДПМНЕ доколку  “сценаристот”  издвоеше некоја минута за настап на локалниот лидер Иванчо Тошевски, или   Силвана Ангелевска и тие двајцата покрај тоа што ќе им посакаа тој ден присутните убаво да се чувствуваат во Битола и да испратеа по некоја политичка порака за очекувањето на битолчани, или партијата, чиј локален лидер е на претстојните претседателски избори.

          Сигурен сум дека и Зоран Заев, или Стево Пендаровски ќе имаа време да ги упатат своите политички пираки до своите сопартијци и присутните битолчани на нивниот митинг, доколку на присутните топло добредојде  во сабоатата вечерта им посакаа  локалниот лидер Менде Тасевски, или генералнјот секретар и праеник, Александар  Кирацовски.

          Убеден сум дека и нивните пораки од плоштадот Магнолија ќе допреа до присутните на кои тие им се обраќаа.

           Впрочем тие  многу подобро го знааат менталитетот  на своите сограѓани, отколку “говорниците” кои Битола ја знаат најмногу по кажувањата и прераскажувањата.

          Воедно локалните лидери се тие кои на овој или оној начин се избрани од нивните сограѓани и кои по редот на нешатата би требало да уживаат најмногу авторитет кај битолчани.

          Но причината за таквиот (не)селективен однос кон локалните битолски политичари, како од едната, така и другата најголема политичка партија, лежи и во самите нив, кои не  успеале да се изборат за подруг третман кон нив.

          Кога станува збор за битолските политичари треба да се нагласи дека добар дел од нив се “жртви “ на рекла – казала  “ политики во градот под Пелистер, во кој битолчани се можат да ти простат, но успехот никако.

          Таквите подметнувања и најблаго речено кодошења досега Битола многу скапо ја плаќаше и сеуште ја плаќа, па се доведе во ситуација најголемиот брј битолски политичари да бидат само неми статисти на македонската политичка  сцена

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*