Трибина за развојот на енергетскиот сектор
Posted by: Битолски Весник
in Uncategorized
April 10, 2019
1,192 Views
- Академик Глигор Каневче, кој воедно е и професор емеритус на универзитетот„Св. Климент Охридски“, на Техничкиот факултет во Битола одржа предавањена тема „Очекувани правци на развојот на енергетиката во светот и кај нас –Нови предизвици и можност за РЕК Битола“. На предавањето присуствуваше градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, како и високи претставници од академската јавност, директорот на РЕК Битола м-р ВаскоКовачевски, останати раководни лица во овој комбинат, директорот на ЈП„Стрежево“ Менде Граматковски, професори и студенти. Каневче, во своето предавање истакна дека имајќи ги во предвид тековите во ЕУ, но и енергетските регулативи чиј потписник е нашата земја, ќе мора да се прилагоди на брзо растечкиот и променлив енергетски систем. Насоката на ориентација пред се треба да бидат обновливите извори на енергија, големите хидроелектрани, фото напонските ќелии, чија цена постојано опаѓа и ветерните електрани. Според него, останатите извори на енергија полека ќе се намалуваат, вклучувајќи го и природниот гас, чија употребливост по 2045година ќе опаѓа.Градоначалничката Петровска, активно беше вклучена во дискусијата и се интересираше за можните енергетски чекори на Општина Битола. Каневче сепак, упати апел, термоелектраната РЕК, во соработка со Општина Битола,ЕЛЕМ и Владата, во следните десет години да преземе мерки за преориентација на производството на електрична енергија преку други извори,а притоа да го запази моментот на истиот број на вработени лица во комбинатот.
светот сектор 2019-04-10