Don't Miss
Home / Uncategorized / Полицијата трага по 12 осмоничени

Полицијата трага по 12 осмоничени

Од 36 осомничени за тероризам и загрозување на уставниот порадок со упадот во Собранието, 12 се уште се недостапни на органите на прогонот. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска потврди дека полицијата трага по нив. Според Спасовски осомничените најверојатно се во земјава.

– Издадени се наредби за приведување на 36, а по 12 лица се уште се трага, тие најверојатно се во Република Македонија. Обврска на обвинителството и на судот е дали ќе се рапише потерница по нив – истакна Спасовски по потпишувањето Меморандум за разбирање меѓу МВР и мисијата на ОБСЕ околу контролата на лесното оружје и муниција

Министерот не сакаше да ги каже имињата на 12-мината по кои се трага, ниту дали меѓу нив има пратеници, организатори на настаните од 27 април, напоменувајќи дека тие податоци не се споделуваат во јавноста во моментов.

За оние кои се притвор, а се вработени во МВР, рече дека има законски норми, кои укажуваат како треба да се постапува во вакви случаи.

– Сите оние кои се вработени во МВР, ако им се одреди мерка притвор, по известувањето нивниот работен однос се става во мирување. За оние за кои досега не се води дисциплинска постапка се отвора можност за поведување на таква постапка – појасни Спасовски.

На прашањето дали има сознанија дека некои од тие 12 лица има двојно државјанство Спасовски одговори: „Имаме сознанија, тие сознанија во моментов не се за медиумите и јавноста“. На прашањето дали постојат шанси тие да избегаат и дали некој од нив има фасификуван пасош министерот рече МВР работи на обезбедувањето овие лица да не избегаат и да бидат изведени пред суд.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*