Изминаа 3 мандати на Талески и ДПМНЕ во Битола, а пред нивното заминување ни оставаат раскопани улици кои во период од цели 12 години не успеале да ги направат. Добро ги паметиме изјавите на Талески дека после неговиот мандат нема да остане улица за реновирање, но наместо тоа битолчани мака мачат со нивните возила, кои секојдневно се оштетуваат по битолските улици , посебно во зимскиот период, Денес се наоѓаме на улицата Стив Наумов која поради застарен водовод и одвод се наоѓа во очајно катастрофална состојба и претставува ризик и за самите пешаци, додека голем дел од визбите на околните куќи се поплавуваат. За жал ова не е едиствена ваква улица во централното градско подрачје за кои ДПМНЕ во цели 12 години немале ниту слух ниту пројавиле желба да за да ги решат овие проблеми
За работите да бидат потрагични без грам срам и одговорност излегуваат и повторно ги ветуваат истите проекти кои не успеале да ги реализираат во 3 мандати.
Помина времето на лаги и манипулации. Ние како идна локална самоуправа ќе го решиме овај горчлив проблем на граѓаните. Покрај тоа, преку проектите од нашата програма ќе направиме Битола повторно да има централно градско подрачје како што заслужува.
Дел од нив се:
– Уредување на делот кај касарната
-Асфалтирање на просторот помеѓу Музејот и зградата на Партизанска 22
-Велосипедски патеки
-Дополнителни контејнери
-Регулирање на сообраќајот на паркинг просторите
-Подобрување на комуналната хигиена на улиците
-Ќе изградиме детски парк позади Симпо
Затоа на 15-ти октомври, со заокружување на бројот 19 да покажеме дека си ја сакаме Битола и за неа вреди да се бориме!
Да покажеме дека сакаме Живот во Битола! истакна кандидатот за советник Златко Алексовски.