Don't Miss
Home / Uncategorized / Понеделник ќе се знаат кандидатите за пратеници на СДСМ

Понеделник ќе се знаат кандидатите за пратеници на СДСМ

В понеделник по Конгресот на СДСМ ќе бидат познати изборните листи за престојните предвремени парламентарни избори, закажани за 12 април. На огласот се пријавиле околу две илјади кандидати, по првичните селекции на локално ниво останале околу илјада и тие понатаму се селектираат на централно ниво на партијата, согласно анализите и анкетите, но и согласно препораките на селекционата комисија. Имињата на некои од кандидатите во одредени населени места се познати, но повеќето се уште се во процес на избор за учество на листите.

Ова денеска на прес-конференција го изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, одговараќи на новинарско прашање, истакнувајќи дека в понеделник во 16 часот ќе се одржи Централен одбор на партијата, а во 18:00 часот следи Конгресот.

-За конечните листи ќе одлучиме в понеделник на Конгрес. Во 16 часот имаме Централен одбор, во 18 часот Конгрес. Викендов ќе ни биде работен, верувам дека до последно како стигнуваат анализите, анкетите, истражувањата, кои се водилка во извештаите во селекционата комисија, по што ќе се сублимира конечноста на одлуките поврзана со кандидатите. Ќе можеме да соопштиме во понеделник, некои места ги знаеме, но голем дел уште не се знаат, рече Заев.

Во врска со тоа дали со БЕСА ќе одат со заедничка листа на изборите, поради изјавата на претседателот на ДИК Оливер Дерковски дека со тоа БЕСА ќе загуби членови во Комисијата, но и во избирачките одбори, Заев рече дека коалицијата е објавена, на изборите ќе настапат со заедничка пратеничка листа и со заедничка програма. Додаде дека законот е јасен за сите аспекти и фази на изборите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*