(Еурофарм Работник- Металург 22:24)
Ракометарите на Металург со победа над Еурофарм Работник ја завршија сезоната во домашното првенство. Во првиот натпревар од последното 10.коло на Плејофот, одигран во спортската сала „Младост” во Битола, Металург го победи Еурофарм Работник со 22-24 полувреме 7-11.
Кај Металург најефикасни беа Кузмановски со 7 и Дрогришки со 4 гола, додека Петровски со 5 и Адли и Чурлевски со по 4 гола беа најпрецизни кај битолските фармацевти.
Во останатите два натпревари од 10. коло утре играат Охрид и Пелистер, а натпреварот Борец – Вардар е одлозен за 7 јуни. Со победа на овој натпревар вардарци и математички ке ја одбранат титулата.
Табела: Металург 27 бодови (+1 натпревар повеке), Вардар 24, Еурофарм Работник 12 (+1), Охрид 12, Пелистер 9, Борец 0 бодови.