Don't Miss
Home / Uncategorized / Потпишан Меморандум за реконструкција, заштита и конзервација на Еврејските гробишта

Потпишан Меморандум за реконструкција, заштита и конзервација на Еврејските гробишта

Синоќa, во битолскиот Завод и музеј, градоначалникот на општина Битола д-р. Владимир Талески, израелскиот амбасадор во Република Македонија, Дан Ориан и претседателот на Здружението за одржлив урбан развој, архитектура и амбиент „ АРХАМ “ Марјана Стефановска, потпишаа Меморандум за реконструкција, заштита и конзервација на Еврејските гробишта во Битола.

-Со потишувањето на меморандумот, Еврејските гробишта во Битола ќе бидат оттргнати од процесот на т.н. ерозија на времето, ќе се конзервираат и ќе се преземат мерки и активности за подигнување на свеста за значењето на овој објект споменик со голема културно историска вредност. На Еврејските гробишта ќе биде обезбедена дополнителна грижа и заштита на просторот, ќе биде изградена посебна алеа и ќе бидат засадени дрва, исто толку колку што некогаш во Битола имало еврејски семејства, истакна градоначалникот Талески.

izraelski ambasador

Општина Битола во соработка со израелската амбасада во изминатиот период организираа повеќе заеднички настани, а истите ќе продолжат и во иднина што се докажува со потпишувањето на Меморандумот.

-Меморандумот или декларацијата е многу важна бидејќи таа мотивира да работиме заеднички, институционално здружени за да не забораваме на минатото во Битола. Нашиот единствен пат и планови се врзани со иднината, со желба во Битола да донесеме многу туристи за да погледнат и да прочитаат за сведоштвата од минатото. Со овој документ ја испланиравме нашата идна соработка незборавајќи го минатото, ќе ги придвижуваме нештата бидејќи даваме нов импулс на нашата соработка, посочи израелскиот амбасадор Ориан.

Исто така, после потпишувањето на Меморандумот, градоначалникот Талески и амбасадорот Ориан, ја отворија изложбата „ Еве сум “ – Израелските предели во илустрациите на детските книги од 1948 до 2014, од илустратор Лиора Гросман.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*