.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Економија / Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој поддржа 180 инфраструктурни проекти

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој поддржа 180 инфраструктурни проекти

Со финансиска поддршка на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ќе се финансираат 180 инфраструктурни проекти од осум плански региони.

Вчера,  во АФПЗРР на градоначалниците им беа врачени 180 времени решенија за инфраструктурни проекти од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година.
-Повеќе од општините имаат и по три времени решенија, а максималната вредност на инвестиција, на проект е до 20 милиони денари. Годинава има 208 доставени барања, а 180 во моментов се финасираат како времени решенија, рече Билјана Вуковиќ, в.д. директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР).
Таа информираше  дека по добивањето на овие времени решенија, општините спроведуваат тендерска постапка, јавна набавка и по склучување на договор со економски оператор доаѓаат во Агенцијата да го склучат договорот за финансиска поддршка. Ја реализираат инвестицијата и ги добиваат парите кои им се надоместуваат 100 отсто.
-Учествуваа сите општини, од осум плански региони. Од тоа што беше сработено по административната контрола утврдивме дека соодветни за финасирње се 180 проекти од околу 60-тина општини и осум плански региони. Вкупната одобрена вредност на овие проекти е две милијарди и 55 милиони денари, нагласи Вуковиќ.
Градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски изјави дека средствата ќе ги искористат за проекти во руралните средини односно за асфалтирање на патишта и улици.
-Општина Новаци доби три проекти со вредност од оклу 33 милиони денари во сите три мерки за аплицирање 321,322 и 323 од Повикот. Имено планирано да се асфалтира локалниот пат Гнеотино-Брод во должина од 3,2 км во вредност од 19милиони 890. 000,00 денари, потоа асфалтирање на улици во должина од еден километар во селата:Старавина, Зовиќ и Арматуш вредност од 5,6 милиони денари и третиот проект во мерката 323 е асфалтирање на делница од регионалниот пат 2338 до манастирот Св. Архангел Михаил Скочивир, рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*