Don't Miss
Home / Градска хроника / Повреден шумски полицаец

Повреден шумски полицаец

Од СВР Битола информираат дека на  ден 19.07.2017 година околу 10:30 часот во СВР Битола- ПС Ресен било пријавено  дека во атар на с.Избиштеимало бил повреден шумски полицаец.

Настанот се случил на 19.07.2017г. околу 10:30 часот  кога  две возила на шумска полиција од Ресен со 7 шумски полицајци додека превземале дејствија за спречување на нелегална сеча и транспорт на дрвна маса, во местото викано Избишки долишта, при контрола на трактор со приколка, натоварен со дрва, се обиделе да извршат контрола над истиот. Во тракторот се наоѓале две машки лица, приколка натоварена со дрва и моторна пила. Шумските полицајци се обиделе да ја одземат моторната пила, но лицата давале отпор. Во препирањето едно од лицата успеало да се оттргне од местото на настанот и подоцна се вратило со мотор. На лицата им било објаснето дека тракторот и приколката ќе им бидат одземени и биле известени дека требало да ги однесат во дворот на шумската полиција во Ресен. Тракторот тргнал напред, а возилата на шумската полиција по него. Лицето кое претходно се оддалечило се вратило со мотор од спротивен правец, го пропуштил тракторот и го фрлил моторот пред возилото на шумската полиција со цел да го попречи нивното движење. Шумските полицајци излегле од возилото и продолжиле пеш да го следат тракторот. Командирот на шумската полиција го стигнал тракторот, успеал да се качи на него и на возачот му наредил да застане. Возачот се оглушил, извадил нож и замавнал кон командирот. Командирот скокнал од тракторот и паднал на земја, возачот на тракторот ја отпуштил приколката, а трактотот го напуштил местото на настанот. Приколката поминала врз долните екстремитети на командирот при што истиот се здобил со  скршеница на нозете.

Истиот е пренесен во Клиничка Болница Битола.

За настанот известен е ЈО, додека увид е извршен од страна на КРИМ техника при ПС Ресен.

СВР Битола ги превзема потребните мерки и активности за расветлување и документирање на настанот, се вели во соопштението на СВР Битола.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*