Стручните екипи на ФОД за само два дена изработија нов подвижен мост, кој ќе ги поврзува Битола и Новаци. Мостот од неделата е веќе поставен, со што повторно е ставен во функција регионалниот пат кој преку Новаци води до РЕК “Битола“.
Со помош на механизацијата на РЕК беше направен транспорт и монтирање на цевките , додека општина Новаци обезбеди тампон за засипување на патот.
-Поставени се две цевки Ф 1800 кои импровизираат мост по кој веќе започна да се одвива сообраќајот. Овој мост ке биде во употреба до санирањето на состојбите додека подоцна ќе биде изграден нов пат на овој патен правец, во делот каде што истиот беше прекинат. Ова беше неопходно да се направи заради нормално функционирање на комбинатот но и заради нормално функционирање на секојдневниот живот во општина Новаци- рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.
Ова беше договорено на координативниот состанок во петокот на кој беа присутни градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски, раководствотот на РЕК и ФОД како и претставници на фирмата “Геинг“.
На него беа договорени обврските на секој од присутните имено ФОД ги изработи профилите, РЕК обезбеди потребна механизација за транспорт, утовар, растовар и монтирање на профилите, општина Новаци обезбеди тампон за затрупување на цевките и зацврстување на цевките.
Б.В.