На Славјанскиот институт во Битола, кој денеска беше домаќин на рускиот амбасадор во Република Македонија, Олег Николаевиќ- Шчербик беше одржана практична вежба за спасување повредени лица во сообраќајна несреќа.
Практичната вежба ја одржаа членови на доброволното прортивпожарно друштво “ Пегаз “ од Битола, а вежбата покрај големиот број студенти и професори, ја следеше и командирот на професионалната против пожарна единица, Костадин Поповски.
Членовите на “ Пегаз “ на показната вежба демонстрираа висока професионалност и организираност во спасувањето на повредените лица, кои со возила на Брзата помош беа пренесени во најблиската болница.
Б.В
Фотографии: С. Р.