Don't Miss
Home / Култура / Празник за љубителите на класичната музика

Празник за љубителите на класичната музика

Познатиот виолинист Антал  Залаи од Унгарија, во понеделник ќе одржи концерт со почеток од 20 часот во рамки на Меѓународниот фестивал на сериозна музика, “Интерфест 2014“.

На годинашниот фестивал, како и во изминатите 22 години се одржува под покровителство на Министерството за култура, како и со поддршка на локалната самоуправа на Битола ќе настапат познати имиња од домашната и меѓународната музичка сцена.

antal zalai

                  Антал  Залаи

Меѓу позначајните имиња, кои љубителите на сериозната музика во Битола ќе имаат можност да ги видат се Алесандро Кроста, флејта и Надја Теста од Италија, познатиот баритонец од САД, Кристов Беирнацки, Василиј и Николај Герасимец од Германија, кои ќе свират на виолончело и клавир, Валерија Занини од Бразил, која ќе настапи на пијано, Алфредо Натили, кларинет и Мојра Мишелини пијано од Италија, гитаристот Лука Лучини од Италија, пијанистот Матео Фалони од Италија.
Од домашните познати музички имиња ќе настапат Марија Ѓошевска на пијано, Ана и Олег Кондратенко и Марија Вршкова. Фестивалот ќе трае до 12 октомври, кога свечено ќе биде затворен.
Годинава учесниците на фестивалот Данило Новаковиќ и Лана Јеленковиќ од Србија ќе имаатсвој настап во Охрид,а во Охрид ќе настапат и Елоизо Касио

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*