Don't Miss
Home / Економија / Премиерот Груевски најави три нови фабрики во Битола и над 750 вработувања

Премиерот Груевски најави три нови фабрики во Битола и над 750 вработувања

-Американска компанија котирана на Њујоршката берза од областа на outsourcing на бизнис услуги потпиша договор со Владата минатата недела за отворање на своја компанија во Македонија, во Скопје и Битола. Со проектот се планираат 2000 вработувања, од кои најмалку 500 во канцеларијата во Битола.Името на компанијата ќе се објави кога таа ќе одлучи, најави премиерот Никола Груевски на масовниот  народен  собир во Битола.

Турската компанија Chelmak Agricultural Machinery   купи градежна парцела во индустриската зона Жабени, Битола со вкупна површина од 24.000 м2. Компанијата ќе гради погон за производство на земјоделска механизација, каде се очекува производството да започне до крајот на 2015 година.

Предвидени се повеќе фази, со вкупна инвестиција од 5 милиони евра, и вработување на 150 лица во три години, рече премиерот  Груевски.

Во Кравари, Битолско, се планира инвестиција во најсовремена фабрика за производство на чипс во регионот која ќе извезува во цела Европа и ќе обезбеди вработувања на над 100 лица. Купена е парцелата, фабриката ќе започне со производство во текот на годината.
-Во Жабени се продадоа уште неколку парцели за градење фабрики, а постои интерес од неколку други компании за инвестиции во Битола и битолско, со кои преговорите на тимот за инвестиции се во тек. Тоа е нашата борба за секое ново работно место, и ништо нема да дозволиме да не дефокусира од таа наша цел која е од интерес за сите граѓани, рече премиерот на македонската влада, Никола Груевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*