Don't Miss
Home / Култура / Претставата “Фактор жена“ вечерва пред публиката во Интимен театар

Претставата “Фактор жена“ вечерва пред публиката во Интимен театар

Вечерва, во 20 часот во Интимен театар Битола по десетти пат јубилејно ќе биде одиграна претставата “Фактор жена“ која ја освои битолската театарска публика.
Четирите млади битолски актерки ги освоија симпатиите на публиката на повеќе театарски сцени низ државата каде и во повеќе наврати беа наградени.
-”Фактор жена” е претстава работена по вистински случки и опфаќа четири женски животни приказни. Приказна која ги опфаќа вечните проблеми на жените, кои се најизразени во 21 век, кога и покрај слободата на изразување , живееме ограничени од стегите на општеството.
Оптоварувајќи се со туѓите проблеми, луѓето забораваат да размислуваат за себеси и за својот живот. А нели најлесно е да се зборува за другите?
Најлесно е да се осудуваат туѓите постапки … Тешко е да се биде човек!- ни ја доловува претставата, Ана Жежовска, актерка во претставата “Фактор жена”.

В.М.Мл

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*