Home / Култура / Претставена една поинаква визија за архитектурата

Претставена една поинаква визија за архитектурата

Синоќа, во Центарот за култура се отвори изложбата со наслов СТАВ. Тоа беше изложба на дипломски проекти на генерацијата запишана 2006 година на Архитектонскиот факултет – Скопје при Универзитет „Св. Кирил и Методиј”.
-Тоа беше изложба на една поинаква визија за архитектурата. Архитектура од нас за сите нас. Покровител на оваа изложба е Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) кои се најголемата професионална архитектонска организација во Македонија и кои секогаш ги препознаваат настаните кои ја движат архитектонската мисла напред и кои носат свежи и нови идеи во нашата земја. Битола има авангардна архитектоснка фела. Фела која знае да критикува, но знае и да вреднува. Општиот заклучок е дека недостасуваат настани од ваков карактер во градот, на кои професионалците подиректно ќе дискутираат, пред сѐ за архитектурата. СТАВ посакува оваа изложба да претставува иницијална каписла, која ќе предизвика бура од лични ставови, визии, критики, нови изложби, инсталации, како и активно вклучување на архитектите во општественото дејствување- вели Благојче Цветковски од организацијата СТАВ.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*