Во изминатите денови имав чест да бидам дел од еден од најголемите светски настани во областа на репродуктивната медицина -IFFS World IVF Congress 2025, што од 26 до 29 април се одржа во Токио на темата:
„Разновидност, одржливост и отпорност во репродуктивната медицина“.

„На овој значаен настан присуствувавме заедно со моите колеги од Македонија, д-р Митко Ивановски од „Аџибадем Систина“ и д-р Митко Маџунков којшто живее и работи во Канада. На Конгресот разменивме идеи, искуства и перспективи, секогаш со цел да напредуваме во нашата работа и да им понудиме на пациентите најсовремен третман-информираше прим. д-р Таше Трпчевски сопственик на најсовремената болница „Плодност“.


Тој додаде дека Конгресот бил едно одлично искуство и на професионален и на личен план а воедно Токио им остави прекрасен впечаток како уреден, културен и град полн со енергија.