„Кромберг и Шуберт“ во наредниот период ќе работи со минимален капацитет поради новонастанатата ситуација со корона вирусот. Поголемиот дел од работниците се пуштени дома и тие во моментов ги користат преостанатите денови од одморот.
Им било кажано дека така најверојатно ќе биде во текот на овој и следниот месец. Дополнително, од управата ќе бидат известени како и колку ќе бидат исплатени додека се принудно дома. Неофицијално, се преговара со Владата вонредно таа да им исплаќа 70 отсто од платите на работниците додека се стабилизира состојбата.
Tagged with: денови Кромберг одмор