Don't Miss
Home / Македонија / Приврзаници на ВМРО ДПМНЕ синоќа протестираа пред ДИК

Приврзаници на ВМРО ДПМНЕ синоќа протестираа пред ДИК

Приврзаници на ВМРО ДПМНЕ протестираа синоќа  пред просториите на ДИК, додека комисијата одлучуваше  за приговорите на СДСМ.

Незадоволните граѓани порачаа дека сакаат да ја одбранат изборната победа на ВМРО ДПМНЕ и скандираа пароли на поддршка на партијата и против работата на ДИК.

Улицата пред зградата на ДИК беше затворена, а присутно беше и полициско обезбедување.

Комисијата претходно одби седум приговори на Беса, а за еден приговор ќе се изјасни дополнително, откако ќе се направи графолошка анализа на една гласачка, која тврди дека некој друг гласал во нејзино име.

ДИК веќе отфрли и три приговори од Коалицијата предводена од СДСМ, во текот на нејзиното заседавање кое продолжува денеска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*