По вчерашниот старт на реконструкцијата на една од најдолгите улици во Тафталиџе 1 во Карпош (над еден километар) денес продолжуваат подготвителните работите пред да почнат градежните зафати.
Денес, се работеше на отстранување на електричните столбови од уличното осветлување, онаму каде што треба да се вадат рабниците и да се реконструираат тротоарите.
Претходно пратено е и известување до кабловските и другите оператори да ги дислоцираат каблите кои се непрописно и многу површински ставени.
Имено, наместо на длабочина од 80 сантиметри, одделни економски оператори каблите ги поставиле на 20 сантиметри и со тоа пречат при ископот на земја за изведување на тротоарите.
Општина Карпош од нив официјално побара да ги постават на соодветна длабочина согласно прописите, за да можат работите непречено да продолжат.
Б.В.