Don't Miss
Home / Култура / Проекцијата на филмот во кој главна улога игра Бинош во полупразна сала

Проекцијата на филмот во кој главна улога игра Бинош во полупразна сала

На свечено отворање на “Браќа Манаки“ се случи непријатност. Имено, кога заврши официјалниот дел и беа доделени наградите на оскаровците, додека екипата на МТВ ги пакуваше камерите, голем број на “љубители“ на филмот, додека се прикажуваше проекцијата на  “Облаците на Силс Марија“ во кој главната улога ја игра токму Жулиет Бинош, некултурно   ја напуштија салата па така проекцијата на филмот на оскаровката Жулиет Бинош се одвиваше во речиси полупразна сала.

Иако интересот за отворањето на филмскиот фестивал беше огромен, и голем број на вистински љубители   на филмот останаа без влезници, некои од присутните тоа го прокоментираа дека влезниците беа даддени на погрешни луѓе кои само поминаа на црвениот килим и откако беа видени на телевизија и заврши свечената церемонија си заминаа дома.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*