Don't Miss
Home / Uncategorized / Професионална обука за тимска работа и лидерски способности

Професионална обука за тимска работа и лидерски способности

Здружението за  поддршка  на македонското општество “Брендмак-ЛСВ“ од Скопје  во Битола викендов ќе организира обука на тема: Тимска работа и лидерски способности низ комуникцискиот процес.

Обуката нуди осознавање на комуникацискиот процес како основа за понатамошна успешна криера, запознавање со вербалнaта и невербалната  комуникација, формирање на групи, првилна комуникација во групата, истакнување на лидерските способности при водство во одредена група  итн.

flaer za obuka

Овие вештини ќе се изучуваат на теоретски и практичен начин со најсовремени вежби за тимска работа и лидерски способности.

Обуката ќе се одржи на 22 и 23 овој месец  во “Бизим кафе“ на улица “Новачки пат“ бб во Битола.

Обучувач и тренер е проф. Максимилијан Казаков , комуниколог од Универзитетот на Југоисточна Европа од областа на комуникциските науки и односи со јавност.

Повеќе информации на телефоните:  070-650-536 и 078-613-409.

 

 

Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*