Околу 90 самохрани мајки од Скопје, Битола и Штип беа опфатени со програмата за самовработување и вработување финансирана од ЕУ.
Дел од нив по поминатата обука успеаа да најдат работа, дел почнаа сопствен бизнис, но има и такви кои се уште се невработени.
Програмата на проектот се спроведуваше од Бизнис конфедерација на Македонија, Здружението на бизнис жени и Институт за менаџмент поддршка.