Home / Uncategorized / Промоција на книгата“ За музиката “ од Ѓеорги Здравев

Промоција на книгата“ За музиката “ од Ѓеорги Здравев

На меѓународниот Славјански универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола беше промовирана книгата „За музиката“ од академик Георги Здравев.

Пред многубројната публика свое обраќање имаше проф.д-р Јордан Ѓорчев, основач на Универзитетот. Тој изјави дека со задолство ја издаваат оваа квалитетна литература од областа на музиката .

На промоцијата зборуваа и професорките Марина Коруновска и Маја Митровска

Маја Митровска изјави дека Здравев е основоположник на музичката уметност во Битола и направи рестроспектива на сите негови проекти, од првата опера во Хераклеа, првиот оркестар, концертите, солистите со кои професорот настапувал како диригент, во земјава и во странство, за учебниците за средно и високо образование, наградите и други достигнувања од неговата богата кариера.

Публиката уживаше во прекрасните изведби на младите солисти Елеонора Џоџоска, Михаела Пееска, Елена Башеска, Јована Котевска и Ангела Трајчевска и ученици од школата Korunovska music & singing: Мартин Димитриевски, Александар Гацоски во пијано придружба на проф.м-р Александра Јанковска и Томе Спасовски.

<

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*