Home / Спорт / Промовирана првата регионална дисперзирана спортска паралелка во Битола

Промовирана првата регионална дисперзирана спортска паралелка во Битола

Битола е дел од проектот за отворање на фудбалска парарелка во рамките на Фудбалската Академија, заеднички проект на Владата на Република Македонија, Агенцијата за млади и спорт, Министерството за образование и наука, локалната самоуправа и Фудбалската федерација на Македонија. Денес беше промовирана првата регионална дисперзирана спортска паралелка во општина Битола во која веќе се запишани 23 ученици и тоа 18 од Битола, а останатите од Ресен и Демир Хисар. Фудбалската парарелка е дел од Средното општинско училиште “Кузман Шапкарев”, заради убавите спортски услови во него.

fudbalska 10

Проектот е започнат пред две години во Скопје, а осум дисперзирани парарелки се планирани на територијата на Македонија, истакна првиот човек на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.

-Битола е еден од најголемите фудбалски центри во државата, и оттука веруваме дека со отворањето на парарелката ќе се направи еден континуиран развој на младите фудбалери и подигнување на квалитетот на фудбалот во овој регион. Се подели опрема на Академијата, како и програмата за развој на стручните лица, сите активности ќе донесат квалитетни млади фудбалери, квалитетна репрезентација и квалитетен Пелистер, што е всушност и главна цел на целиот овој проект- рече првиот човек на ФФМ, Ѓорѓиоски.

fudbalska 4

Градоначалникот на Битола, д-р Владимир Талески рече дека со отворањето на оваа спортска парарелка во Битола, започна нова страница во спортот во Битола.

-Посакуваме следната година, да се отвори и парарелка за ракомет. Да се селектираат вистински таленти кои ќе го дадат нивниот максимум во фудбалот, овие деца ќе бидат дел од Фудбалската репрезентација и ќе нижат многу успеси во Европа и светот. Новите таланти ќе имаат добри услови за работа и со ова се прави еден исчекор напред- посочи првиот човек на Битола, градоначалникот д-р Владимир Талески.

fudbalska 7

 

В.М.Мл

Фото:  С.Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*