Don't Miss
Home / Вести / Протест на битолските борци против отворањето на Културниот центар “Иван Михајлов“

Протест на битолските борци против отворањето на Културниот центар “Иван Михајлов“

                       

Сојузот на борците од Народноослободителната и Антифашистичката војна на Македонија 1941-1945 и граѓаните продолжувачи, како организација која се грижи за негување на придобивките од Народноослободителната и Антифашистичката војна и за чување на традициите и придобивките од Народноослободителната борба и Антифашистичката војна на Македонија и од националноослободителната борба и востанијата на македонскиот народ од подалечното минато изразува 

Јавен протест

1. Заради отворањето на „Културен центар Иван Михајлов – Клуб Ванчо Михајлов, ВМРО“ во Битола, бидејќи преку името на еден од најголемите експоненти на фашизмот и недвојбениот соработник на фашистичките главешини Хитлер, Мусолини, Анте Павелиќ и царот Борис III, се врши промоција и рехабилитација на фашистичката идеологија, милитаризмот и антимакедонските политики од времето на Втората светска војна, се промовира историографски ревизионизам насочен кон негирање на Националноослободителната војна на македонскиот народ и нејзините придобивки во поглед на афирмација на македонскиот нациоинален индивидуалитет и македонската национална држава и се врши навреда на македонското национално донстоинство.

2. Заради антимакедонските политики на официјална Софија која преку поддршката и промоцијата на „Културен центар Иван Михајлов – Клуб Ванчо Михајлов, ВМРО“ во Битола, кој е именуван со името на еден неприкриен фашистички експонент од времето пред, за време и по Втората светска војна, односно со името на фашистот Ванчо Михајлов, кој директно и индиректно, ја помагал и промовирал фашистичката, експанзионистичката, денационализаторската и асимилаторската политика кон Македонија и Македонците на фашистичка Бугарија раководена од царот Борис III и тогашниот премиер Богдан Филов, исто така сојузници и соработници на Адолф Хитлер и Бенито Мусолини, врши директен напад врз македонскиот антифашизам, врз борците за национална и социјална слобода на македонскиот народ и врз борбата за афирмација македонскиот национален идентитет и создавање на македонската национална држава.

3. Заради односот на македонската влада која толерира промоцијата на „Културен центар“ кој е именуван со името „Иван (Ванчо) Михајлов“, преку што директно и индиректно ја помага рехабилитацијата на фашизмот и антимакедонизмот од минатото. Истовремено и против против индолентниот однос и молкот за формирањето на здружение со име на еден од најголемите антимакедонски и фашистички експоненти од минатото, од страна на македонските претседатели на Републиката и Собранието, кои на таков начин го одобруваат загрозувањето на македонското национално достоинство и го поттикнуваат фашизмот, ревизионизмот и антимакедонизмот.

4. Заради молкот и индолентниот однос на македонските политички партии за формирањето на Клуб кое го носи имито „Ванчо Михајлов“, со што го одобруваат ова јавно понижување на македонскиот народ и антифашизмот како идеја и пракса од македонската историја и што со тој нивни молк се солидаризираат со промоцијата на политики од минатото кои биле и се насочени против постоењето на македонската нација и македонската државност, се вели во реакцијата на Сојузот на борци Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*