Don't Miss
Home / Uncategorized / Протест на ВМРО ДПМНЕ пред Шутка

Протест на ВМРО ДПМНЕ пред Шутка

Вечерва помала група граѓани заедно со неколкумина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се собраа пред затворот во Шуто Оризари на протест. Тие бараа ослободување на функционерите и притворените граѓани за насилството од 27 април во Собранието.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во заминување, Никола Груевски не сакаше да даде изјава за медиуми. Пратеничката Дафина Стојановска изјави  дека уапсените не се виновни и ги нарече херои.

Пратеникот Трајчо Димков рече дека дошол пред затворот за да им даде поддршка на своите колеги од Собранието и на другите кои, како што рече, не можеле да замижат пред нелегалниот избор на новиот претседател на Собранието. 

Пратеникот Крсто Јовановски кој исто така зборуваше на протестот најави дека протестите продолжуваат и утре пред Министерството за правда во 18 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*