Don't Miss
Home / Спорт / Прва фудбалска лига – 11 коло

Прва фудбалска лига – 11 коло

Пелистер – Хоризонт Турново 0:0 Градски стадион под Тумбе кафе – Битола.

Гледачи: 700 Главен судија: Стевче Шулески (Охрид)

Стрелци: нема

Жолти картони: Најденов, Харизанов, Стојчевски (Хоризонт Турново) Пелистер: Пашовски, Петковски, Крстески, Степановски (Главевски), Миленковски, Анастасов, Мустафов, Ристевски, Брдаровски, Љамчевски (Магловски), Ступиќ Хоризонт Турново: Захов, Илиев, Харизанов, Стојчевски, Мавров, Кочоски (Долапчиев), Ѓорѓиев (Ковачев), Иванов, Пандев (Ташев), Вареловски, Најденов

Играч на натпреварот: Благојче Главевски (Пелистер) Фудбалерите на Пелистер не успеаја да го израдуваат новиот сопственик на клубот со позитивен разултат на средбата под Тумбекафе, а играа само нерешено, без голови, против екипата на Хоризонт Турново.

turnovo 2

Со борбена игра со залагање фудбалерите на Пелистер не успеаја да направат посеризна прилика за гол, а опасноста кон гостинскиот голман се зголемуваше само по прекините, а по еден прекин во 44 минута Степановски одлични реагираше со глава но топката од под пречката ја извади гостинскиот голман.

Во 51 минута Главевски беше фаулиран во шестаесетникот на гостите, а судијата Шулевски досуди пенал за Пелистер, кој за жал не го реализира Владица Брдаровски кој биеше во стативата.

Последните 20 минути беа во знак на целосна доминација на Пелистер но гостите од Турново успеаја да се одбранат.

Во ложата на стадионот под Тумбекафе беа сопственикот на клубот, Зоран Ристевски, претаседателот Димче Шеровски и новиот спортски директор србинот Милош Манојловиќ.

С.Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*