Don't Miss
Home / Македонија / Први фотографии од паднатиот авион, познат идентитетот на жртвите

Први фотографии од паднатиот авион, познат идентитетот на жртвите

Доцна ноќеска полицијата успеа да се пробие низ непристапниот и каллив терен кај Кожле и да стигне до делови од авионот „пајпер“, во кој загинаа четворица италијански и двајца косовски државјани.

Од селото до местото каде што паднал авионот теренот е прооден само за теренските возила на МВР, заедно со кои на местото се проби и фоторепортерот на „Нова Македонија“.

  

Утрово увид на местото  врши јавен обвинител.

Нема преживеани патници. Според италијанските медиуми, со авионот управувал пилотот Франческо Монтањер, претседател на аеро-клуб во Тревизо, заедно со потпретседателот Дарио Бастасин.

Нивни сопатници биле и Анџело Калегари, Лука Дале Муле и Иларија Берти, како и двајца браќа од Косово, со презиме Бегај, кои имале намера да отворат аероклуб во Косово. Настраданите живееле во Треивизо, Падова и во Удине.

Авионот „пајпер“ патуваше од Тревизо кон Приштина, а на скопскиот аеродром „Александар Велики“ беше пријавен за дополнување гориво.

Исчезнувањето на авионот од радарот вчера попладне во 17.40 часот во МВР го пријавила Контролата на летање на скопскиот аеродром.

 

 

 

Извор: Нова Македонија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*