Home / Uncategorized / Референдум паралелно со локалните избори

Референдум паралелно со локалните избори

На 15 октомври освен за локални избори, жителите на неколку Општини можно е да се изјаснуваат и на референдум против изградба на домови за мигрантите. Штип и Кавадарци веќе донесоа одлуки за одржување на референдуми, а планот, е изјаснувањето да биде во ист ден со гласањето за локалните избори. Според дел од политичките аналитичари теоретски не е спорно, избори и референдум да се одржат во ист ден, но тоа остава простор за манипулација при гласањето.

Иако партијата ВМРО-ДПМНЕ се огради од собирањето потписи, дел од политичките аналитичари се сомневаат дека зад овој потег стои опозицијата.

„Теоретски е возможно референдум и локални избори во ист ден, законот тоа не го забранува, но постои можност за манипулација имајќи го во предвид закажувањето на референдум во ист ден со локалните избори  вештачки го подига одѕивот на референдумот, бидејќи граѓаните луѓето секако излегуваат на локалните избори“, вели  Петар Арсовски – аналитичар.

Од Државната изборна комисија не добивме официјален став за истовремено одржување на двете гласања. Неофицијално ДИК се уште нема расправано на седница за ова прашање.
Според членот 37 од Законот за референдум и други облици на непосредно граѓанско изразување, кога референдумот се одржува на локално ниво, од денот на објавувањето на одлуката на советот во службеното гласило на општината, до денот на гласањето, треба да поминат најмалку 25 и најмногу 40 дена. Ова остава простор за други општини да донесуваат одлуки за локални референдуми за Стратегијата сé до средината на септември, за тие да можат да се одржат на 15 октомври.

Деновиве  се очекува во врска со референдумот да се изјаснат и општинските совети на Ѓорче Петров, Гази Баба, Карпош, Аеродром, Битола и Гевгелија. Во Куманово каде се собираа потписи од граѓаните нема да се одржи референдум, бидејќи советот ја отфрли иницијативата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*