Во РЕК “Битола“ во полн ек е ремонтот на Блок 1. Во активностите се вклучени вработени на комбинатот и стручни лица од домашни компании.
Заради енергетската криза во државата и Европа, ремонтите на блоковите во РЕК Битола годинава ќе бидат изведени за помалку од 30тина дена, наместо вообичаените 45 и повеќе.
Фокусот е ставен на највиталните делови од постројките кои после техничко-технолошкото освежување треба да обезбедат стабилност на производството.
Ремонтот на “Блок 1“ на РЕК “Битола“ предвидено е да заврши до 15 октомври, по што ќе следуваат исти активности и на “Блок 2“.
Во меѓувреме се очекува да пристигне трансформаторот за “Блок 3“, по што РЕК “Битола“ би продолжил со работа со полн капацитет, се вели во соопштението на РЕК “ Битола “